Profile cover photo
Profile photo
ISSH Skopje
128 followers -
The “Institute of social sciences and humanities - Skopje” is a research institution accredited as scientific by the Ministry of Education and Science of Macedonia (decision nr. 30).
The “Institute of social sciences and humanities - Skopje” is a research institution accredited as scientific by the Ministry of Education and Science of Macedonia (decision nr. 30).

128 followers
About
Posts

Post has attachment
RIA (Regulatory Impact Assessment) која се однесува на прашањата на уредничките медиумиски слободи и како се тие засегнати со прекумерната регулација по пат на закон која претставува „заробување“ на дејноста од страна на извршната власт (според вториот извештај на Прибе, токму ова е суштината на македонскиот случај на заробување во услови на „илиберална демократија“). Погледнете ја деталната РИА со мерливи индикатори поткрепени со повеќемесечна теренска анализа на тимот на институтот во соработка со неговите партнери од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Овие показатели се важни во очи на усвојувањето ИД на законот за аудио и аудиовизуелни услуги. За да го преземете ПДФ-от од документот кликнете на врвот или дното од страницата:
АНАЛИЗА ЗА ЕФЕКТИТЕ ОД ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ ВРЗ УРЕДУВАЧКАТА/МЕДИУМСКАТА СЛОБОДА
Add a comment...

Post has attachment
НАЦИОНАЛНА АНКЕТА ЗА СТЕПЕНОТ НА ЗАДОВОЛСТВО НА ГРАЃАНИТЕ ОД ДРЖАВНАТА И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ

Tелефонска анкета на национален примерок од 1000 граѓани, репрезентативен по: пол, националност, возраст, економски статус и степен на образование. Анкетата се спроведе во периодот 15 мај - 10 јуни 2017.
Add a comment...

Post has attachment
NATIONAL SURVEY ON CITIZENS' SATISFACTION WITH NATIONAL AND LOCAL INSTITUTIONS

A telephone survey on a sample of 1000 citizens, representative of gender, ethnicity, age, economic status and level of education, carried out in the period of 15 May - 10 June 2017.
Add a comment...

Post has attachment
ИОХН-Скопје со задоволство ви го претставува новиот полиси бриф со наслов „МЕДИУМСКИТЕ ПОЛИТИКИ И УРЕДУВАЧКАТА (НЕ)СЛОБОДА“ дело на авторите Калина Лечевска и Катерина Колозова. Подолу на линкот можете да ја најдете целосната верзија на брифот.
http://isshs.edu.mk/mk/index.php?newsinfo=406

“Без никаков преседан во современа Европа, и потесно во Европската унија, македонскиот закон, т.е., Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предложен од страна на извршната власт, детално пропишува форма и програмска содржина што концесионираните национални дифузери мора да ја произведат и емитуваат. Назначеното регулаторно тело, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во уште поголема подробност ги пропишува содржините што се прикажуваат, а отстапувањата ги санкционира.”
Add a comment...

Post has attachment
Сториите на луѓето во #заробенадржава http://tinyurl.com/jdyf99p ... раскажи ја својата приказна на следниот линк http://tinyurl.com/zbrdjr8
Add a comment...

Post has attachment
ВТОР И ЗАКЛУЧЕН УПИСЕН РОК за прием на студенти на постдипломските студии на ИОХН-С (Уписниот рок трае до 20 јуни 2015)

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавува
КОНКУРС
за академската 2015-2016 година
за упис на студенти на магистерски студии од следниве области:


(1) студии на политиките (policy studies), едногодишни и двегодишни

(2) родови студии, едногодишни

(3) студии на културата, едногодишни 


ВТОР И ЗАКЛУЧЕН УПИСЕН РОК
27 мај 2015 – 20 јуни 2015

Услови на запишување

- за едногодишните програми: 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.

- за двегодишните програми: 3 години додипломски студии (или стекнати 180 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.

Наставата може да следи на македонски, албански и англиски јазик (зависно од потребите на студентот). Најголемиот дел од изборната и дел од задолжителната литература е достапна и на англиски. 

Број на слободни места во вториот и заклучен уписен рок: 10 за сите три студиски програми. 

Потребни документи:

- Диплома, уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредита) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сè уште не дипломирал/а, документ за досега положените испити а дипломата (уверението) ќе ја достави дополнително (непосредно пред потпишувањето на договорот за упис во првата недела од септември 2015, кога кандидатот/кандидатката ќе мора да поседува доказ за завршени додипломски студии).

- Нотарски заверената копија од дипломата/уверението за дипломирање може да се достави дополнително, пред потпишувањето на договорот најдоцна до 15 септември 2015, а по доставувањето на електронската копија во случај на електронско аплицирање.

- Пополнета пријава која може да се преземе од интернет страницата на Институтот: www.isshs.edu.mk (под рубриката „Студиски програми“ која се наоѓа во мени-то на македонската верзија на страницата).

- Лична биографија (CV). 

Вториот и заклучен уписен рок трае до 20 јуни 2015. Пријавите со придружните документи може да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8-2, 1000 Скопје) или електронски на info@isshs.edu.mk.Интернет страницата на Институтот е на следнава адреса: www.isshs.edu.mk 

Трошоци на студирање: За студиите не се наплаќа школарина освен трошоците за администрирање во вкупен износ од 400 евра во денарска противвредност за севкупниот студиски циклус (вклучувајќи ја и магистерската) поделени во три рати. Исто така, би сакале да нагласиме дека ова се однесува на едногодишните студиски програми (на принципот 4+1) кои се и најбројните програми на Институтот. Што се однесува до двегодишната студиска програма по политики (на принципот 3+2), за втората година се доплаќаат уште 200 евра во денарска противвредност.

Основна информација за институцијата: Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје е приватна непрофитна научна установа, дел од Регистарот на научни установи што го води МОН (со Решение бр. 30), акредитирана од страна на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Република Македонија за организирање магистерски студии од областите на општествените и хуманистичките науки.  

Директори на Институтот се проф. д-р Катерина Колозова и доц. д-р Артан Садику.

Контакт лица: Ристо Алексовски  и доц. д-р Викторија Боровска (координаторка на постдипломските програми), достапни на info@isshs.edu.mk, risto.aleksovski@isshs.edu.mk, viktorija.borovska@isshs.edu.mkи на
тел/факс.: +389 2 31 13 059.
Add a comment...

Post has attachment
ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ на постдипломските студии на ИОХН-С (Првиот уписен рок е во тек и трае до 20 мај 2015, дознај повеќе:http://isshs.edu.mk/mk/index.php?newsinfo=226)

ИОХН-С ги известува сите заинтересирани за постдипломските студии дека за време на првиот уписен рок можат да закажат средба и да се запознаат одблизу со редовниот професорски кадар на Институтот. Искористете ја можноста да се запознаете со нашите професорки и професори кои ќе ви го претстават својот стил на работа и меѓународно реномираните имиња што ќе гостуваат на нивните часови. Најавете ја својата посета на телефонскиот број 072 30 77 04 или на info@isshs.edu.mkи запознајте се со Катерина Колозова (http://figureground.ca/2013/04/22/interview-with-katerina-kolozova/), Маја Мухиќ (http://www.seeu.edu.mk/en/~m.muhic), Игор Јованоски (http://independent.academia.edu/IgorJovanoski), Сенка Анастасова (http://isshs.academia.edu/senkaanastasova), Дона Колар Панов (http://www.amazon.com/Dona-Kolar-Panov/e/B001KDUWWM), Артан Садику (https://www.youtube.com/watch?v=FQ9mUpDYY1E#t=79)
Photo
Add a comment...

Post has attachment
ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ на постдипломските студии на ИОХН-С (Првиот уписен рок е во тек и трае до 20 мај 2015, дознај повеќе:http://isshs.edu.mk/mk/index.php?newsinfo=226)
Photo
Add a comment...

Post has attachment
The deadline for submission for the three vacancies is April 27th 2015 (which is today until 17.00 CET.) Three are still three (3) vacancies available for applicants for the Summer School of New Realisms in Contemporary Philosophy (Ohrid 26 June to 3 July 2015).
http://isshs.edu.mk/index.php?newsinfo=223
Add a comment...

Post has attachment
Драги пријатели и пријателки,
Откако го објавивме конкурсот за упис на студенти за академската 2015-2016, повеќето од вас се интересираа за ниската сума за школарина и дали има скриени трошоци кои подоцна би се појавиле. Со таа цел сакаме јавно да ги известиме сите заинтересирани кандидати за упис на постдипломските студии дека не се наплаќа школарина освен административните трошоци во вкупен износ од 400 евра во денарска противвредност за севкупниот студиски циклус (вклучувајќи ја и магистратурата), поделени во три рати. Во оваа сума спаѓаат и материјалите потребни за студирањето. Воедно ги покануваме сите заинтересирани кандидати да не посетат во просториите на Институтот (ул. 20 октомври бр.8, 2 кат) и одблизу да се запознаат со условите за студирање.  ПРВИОТ УПИСЕН РОК е во тек и трае до 20 мај 2015. (http://isshs.edu.mk/mk/index.php?newsinfo=226)
Photo
Add a comment...
Wait while more posts are being loaded